Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна – euroleaseauto.mk или при користиње на некоја услуга од веб страната. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Друштво за финансиски лизинг Евролиз Ауто ДООЕЛ, адреса Бул. 8-ми Септември 19А Скопје, Република Северна Македонија.

Кои податоци ги собираме?

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

Баратели подносители на лизинг понуда или подносители на контакт информации – овие барања содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето како име и презиме, ЕМБГ, контакт телефон и е – маил адреса кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања.

Категории на податоци

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат. Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб – страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања при барање на понуда за лизинг или одговор на барање.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

•           преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање – Барање за лизинг и контакт форма;

•           преку нашиот email: info@euroleaseauto.mk

•           преку пошта,

•           преку социјални медиуми (Viber, WhatsApp),

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Евролиз Ауто, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Евролиз Ауто ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Евролиз Ауто и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на Евролиз Ауто. 

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки кои по претходна согласност, се копирани од вашиот компјутер кога посетувате интернет страна и вообичаено вклучуваат:

  • име на серверот од кој е испратено колаче;
  • времетраење на колачето;
  • вредноста – обично случајно генериран анонимен уникатен код.

Самото колаче не содржи или собира информации. Меѓутоа, ако тоа е прочитано од страна на сервер заедно со веб прелистувач, може да помогне на интернет страната да обезбеди услуги за корисниците. Колачето може да го прочита и користи само серверот кој го генерирал.

Може да ги прегледате колачињата кои се зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој прелистувач има различна постапка за таа цел. Имајте во предвид дека во некои случаеви, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство или повторна посета на некоја страница.

Некои Веб прелистувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови на колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој прелистувач е различен, процедурата кај секој од нив е различна. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство при посета на истата.

Ние користиме неопходни колачиња со цел да Ви овозможиме веб страницата да биде употреблива односно да ги овозможи основните функции. 

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
IDE, 1P-JAR, ANID, CONSENT, DVGoogleФункционално колаче. Се користи за да овозможи функционалности од Google сервиси како Recaptcha и слично.Варира
_GRECAPTCHAGoogleФункционално колаче. Се користи за да овозможи функционалности од Google сервис Recaptcha.6 месеци
viewed_cookie_policyEurolease AutoОва колаче се користи за да ги запомнеме вашите преференци за користењето колачиња и истото е неопходно.
12 месеци
CookieLawInfoConsentEurolease AutoОва колаче се користи за да ги запомнеме вашите преференци за користењето колачиња и истото е неопходно.12 месеци
cookielawinfo-checkbox-necessaryEurolease AutoОва колаче се користи за да ги запомнеме вашите преференци за користењето колачиња и истото е неопходно.
12 месеци

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Радица Сибиноска на следниов e-mail: r.sibinoska@euroleaseauto.mk

Право на поднесување на барање до АЗЛП 

Ако сметате дека начинот на кој Евролиз ауто ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.