Прашања

Oд категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ од нашата веб страница пополнете формулар за Промена на адреса за коресподенција и донесете го во оригинал во нашите канцеларии или испратете го на нашата контакт адреса

  • Видете го износот на месечната рата на Вашиот амортизационен план
  • пополнете уплатница за уплата на месечната рата со наведени број на договор и број на рата (за кој месец уплаќате)
  • чувајте копија од извршената уплата

  • Контактирајте нe лично или телефонски и информирајте нe за причините за задоцнетото плаќање, како и кога ќе биде извршена уплатата
  • Согласно договорот за финансиски лизинг и Општите услови, за задоцнета уплата од 5 (пет) календарски дена се пресметуваат законски затезни камати

  • Секако! Корисникот на лизинг треба да пополни и потпише Молба за полномошно за странство која може да се превземе од категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ од нашата веб страница; истата може да ја подигнете во нашите канцеларии
  • врз основа на пополнетата молба за полномошно за странство и копија од валиден пасош изработуваме Полномошно за управување со возилото во странство со валидност од една година
  • нашето полномошно се заверува во било која станица за технички преглед и регистрација која е овластена за издавање на меѓународни документи за управување туѓо моторно со валидност од една година

Корисникот на лизинг доставува барање до Евролиз Ауто, за кое по разгледување на истото следи одговор од Евролиз Ауто.

  • Согласно законската регулатива на Република Македонија предвремен откуп на возила финансирани на лизинг е дозволено после истекот на една година (12 рати)
  • Од категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ пополнете го формуларот Молба за предвремена отплата и доставете го во нашите канцеларии
  • ЕВРОЛИЗ АУТО ќе подготви про-фактура за предвремен откуп (се состои од преостанатата главница и провизија за предвремен откуп на возилото, како што е предвидено во договорот за финансиски лизинг и Општите услови)
  • По плаќањето на износот од про-фактурата, ЕВРОЛИЗ АУТО ќе подготви купопродажен договор и целокупна документација за пренос на сопственоста; сите трошоци поврзани со преносот на сопственоста се на товар на корисникот на лизинг

Корисникот на лизинг доставува барање до Евролиз Ауто, за кое по разгледување на истото следи одговор од Евролиз Ауто.

Корисникот на лизинг пишува изјава за изгубениот клуч, со детален опис каде и како е изгубен клучот. Изјавата, заедно со барањето за издавање на резервен клуч, ги доставува до Евролиз Ауто. По разгледување на изјавата и барањето следи одговор од Евролиз Ауто.

Корисникот на лизинг доставува барање до Евролиз Ауто, за кое по разгледување на истото следи одговор од Евролиз Ауто.

  • Повикајте полиција за да направи записник за настанатата штета
  • Jавете се во вашата осигурителна компанија
  • Договорете ја процедурата за поправка на настаната штета на возилото со вашата осигурителна компанија