Како до лизинг ?

Доставете ги потребните документи и во рок од 1 ден ќе добиете одговор

Eurolease hero section aside image

Како до Лизинг

Пополнете барање за финансирање и ЕВРОЛИЗ АУТО ќе ви подготви понуда за финансирање.

zosto-lizing-od-evroliz-auto
Зошто лизинг од Евролиз Ауто ?

Долгогодишно искуство и соработка
Добивате квалитетен пакет за осигурување

shto-e-finansiski-lizing

Што е финансиски лизинг ?

Финасиски лизинг е форма на финансирање каде предметот на лизинг се дава на користење до истекот на договорот.

Финансискиот лизинг е форма на финасирање кое овозможува по истекот на Договорот за лизинг да станете сопственик на Предметот на лизинг. Давателот на лизинг е правен сопственик на Предметот на лизинг, додека економски сопственик е Корисникот на лизинг.

Правото на сопственос се префла на корисникот на лизинг по исплата на последната рата и сите останати обврски од договорот за лизинг и општите услови кои се составен дел од договорот за лизинг.

Основни услови да станете корисник на финансиски лизинг

Позитивна бонитетна оцена и поминати најмалку две години од основањето на компанијата (за правни субјекти)
Позитивен извештај од Македонско кредитно Биро за (не)задолженост (за физички лица)
Уплата на учество

Што е Оперативен Лизинг ?

Оперативниот лизинг всушност претставува закуп на возилото и овозможува користење на истото во договорен временски период од 3, 4 или 5 години за што се плаќа фиксен износ на месечна закупнина.

Можно е финансирање со остаток на вредноста на предметот на лизинг

ДДВ се плаќа месечно и е вклучено во наемнината
Наменет е за финансирање исклучиво на правни лица

Позначајни лизинг термини

Предмет на лизинг / Корисник на лизинг

моторно возило, патничко или товарно кој Корисникот на лизинг го одбрал.

Корисникот на лизинг e физичко лице или правен субјект кое склучува Договор за лизинг со Давателот на лизинг.

Гарант / жирант

правно или физичко лице, кое солидарно се обврзува кон Давателот на лизинг дека ќе ја исполни доспеаната обврска на Корисникот на лизинг.

Давател на лизинг

Финансиска лизинг компанијата која Предметот на лизинг го финансира и дава на користење по пат на лизинг на Корисникот на лизинг.

Месечна Рата

паричен износ кој Корисникот на лизинг се обврзува дека ќе ја плаќа на Давателот на лизинг во одреден временски период со одредена динамика согласно амотизациниот план , кој е составен дел од Договорот за лизинг, а е изготвен од Давателот на лизинг.

Договор за финансиски лизинг

Договор во кој Давателот на лизинг го финансира Предметот на лизинг со цел истиот да го даде на користење на Корисникот на лизинг, кој пак превзема обврска за подмирување на договорениот надомест за лизинг.