Како до лизинг ?
- Одберете го возилото од импортерот или дилерот од каде сакате да го набавите возилото
- Контактирајте не на подолу наведената адреса или посетете не во нашите простории или најблиската канцеларија
- Пополнете барање за финансирање и ЕВРОЛИЗ ќе Ви подготви понуда за финансирање и амортизационен план
- Доставете ги потребните документи и во рок од 1 ден ќе добиете одговор
- Доколку барањето е одобрено, ќе го уплатите учеството и ќе потпишете договор
- ЕВРОЛИЗ го плаќа и го регистрира Вашето возило
- ЕВРОЛИЗ ќе Ви предложи најсоодветен пакет за осигурување на Вашето возило
- Потпишувате записник за примопредавање на возилото
ЛИЗИНГ ПРОЦЕДУРА
ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
- Минимален износ на финансирање 5.000,00 EUR
- Возилото се набавува од официјален импортер или овластен дилер
- Учество: за нови возила 10-50%; за користени возила минимум 2000 евра или 20% од вредноста на возилото
- Број на месечните лизинг уплати: за нови возила 12-60 рати; за употребувани возила максимум 12 години, вклучувајќи ги и годините за лизинг (годината на производство + годинтите на лизинг не надминуваат 12 години)
- Еднакви месечни рати
- Каско осигурување
Со поднесувањето на барањето за финансирање треба да се приложат и следните документи:
- Копија од личната карта со потпис
- Потврда за остварен приход (копија)
- Потврда за редовен работен однос
- Потврда за исплатена плата во последни 3 месеци и МПИН декларација
- Извештај од Македонско кредитно биро, не постар од 7дена
- Про-фактура од добавувачот
Со поднесувањето на барањето за финансирање треба да се приложат и следните документи
- Копија од тековната состојба не постара од 6 месеци со потпис и печат
- Завршни сметки за последните две години од работењето на фирмата
- Поврзани субјекти со правното лице корисник на лизинг
- Копија од тековната состојба не постара од 6 месеци со потпис и печат
Во случај договорот за лизинг да го потпишува ополномоштено лице:
- Копија од лична карта на ополномоштеното лице со потпис
- Полномошно од правното лице со потпис од управителот и печат, заверено на нотар
- Биланс на состојба и биланс на успех за последната година и бруто биланс или заклучен лист со последен датум на книжење
- Копија од лична карта на управителот со потпис
- Про-фактура од добавувачот
- Детална спецификација на возилото и цена (потпис и печат на клиентот)