За Нас
Финансиското друштвото Евролиз Ауто ДООЕЛ е лизинг команија со основна дејност финансиски и оперативен лизинг на патнички и комерцијални возила со Република Северна Македонија над 15 години. Финансираме нови и користени возила. Наши клиенти можат да бидат физички и правни лица.
Ние разбираме дека изборот на автомобил и неговото финансирање треба да биде лесен, пријатен, да се реалирира брзо и без непотребна бирократија, затоа го направивме процесот на аплицирање за лизинг лесен, брз и што е можно поудобен за клиентот. Сметаме дека кога нудиме финансиска услуга, многу е важно условите да се јасни и плаќањата да се предвидливи, затоа нашите вработени им помагаат на клиентите да донесат одлука врз основа на нивните финансиски можности.
Дејност на друштвото
Ние веруваме дека секој заслужува да го вози автомобилот од своите соништа, затоа нашите услови се прилагодени на индивидуалниот профил на клиентот и параметрите на избраниот автомобил.
Многу од нашите клиенти се враќаат повторно и повторно за финансирање на нивниот следен автомобил - затоа што Eurolease Auto е одговорен, фер и предвидлив партнер.
Евролиз Груп
Eurolease Auto е дел од групацијата ELG, која обединува компании со долгогодишна експертиза во автомобилската индустрија и финансискиот лизинг. Останатите компании во ELG се лизинг компаниите Uplease и Amigo Finance, платформата за продажба на автомобили, лизинг и изнајмување Cazam и компанијата car-as-a-service Simpl.